Стратегот на Барселона Роналд Куман се најде под жестоки критики од медиумите по ремито без голови на гостувањето кај Кадиз, а реномираниот шпански спортски весник „Марка“ денешното издание го објави под централен наслов „Оваа Барселона е смешна“.

Барселона сега е три натпревари во серија без победа во сите натпреварувања што го засили притисокот врз холандскиот тренер да замине од каталонскиот клуб.

Дел од шпанските медиуми пренесуваат дека Куман одамна ќе добиел отказ, доколку во неговиот договор нема клаузула, која му гарантира отштета меѓу 12 и 14 милиони евра во случај на предвремен прекин на соработката.