Објавено видеото што го снимиле бугарските лекари од Брза Помош кои први стигнале до автобусот во пламен

832

Останува мистеријата и прашањето кое се наметна по вчерашната прес конференција на бугарското јавно обвинителство за тоа колку вкупно патници се загинати, а колку се преживеани по несреќата во која автобус на „Беса Транс“ се запали на автопатот „Струма“ во Бугарија. Екипата на бугарската БТВ разговараше со лицата од Итната медицинска помош кои пристигнале на местото на несреќата за 12 минути откако се запалил автобусот.

Тие велат дека згрижиле седум лица кои го скршиле прозорот од автобусот и успеале да избегаат од пламените јазици.

„Првото нешто што го видовме беше пожар покрај патот. Не знаевме што е, тогаш го видовме запалениот автобус. Беше многу топло, поминав покрај него. Се плашев, бев со отворени прозори, да не експлодираме додека поминуваме, вели сведокот Павел Музиски возач од Брзата помош.

Една минута подоцна пристигнале уште две амбулатнтни возила. Со едно од тие возила однесени се четворица кои успеале да излезат од автобусот. Четири минути откако пристигнале амбулантните возила се упатиле кон болницата во Пирогов.

Според кажувањето на сведоците од амбулантните возила, последен го однеле лицето кое успеал да го скрши прозорот.

„За време на превезувањето ми кажа дека седел на задното седиште во автобусот. Слушнал силен тресок и автобусот почнал да гори. Тој скокнал и со повредена нога го скршил стаклото и скокнал низ прозорецот за да избега. Тој постојано викаше, плачеше и го бараше својот син. Тој беше на предното седиште. Му се јави на телефон, телефонот беше недостапен, вели Лорина Николова.

Веднаш по тоа екипите од амбулантските возила се вратиле кон автобусот со надеж дека има и други преживеани.

„Сликата беше ужасна – тие се обидуваа да излезат. Да не беше пожарот, мислам дека немаше да има загинати од несреќата, вели доктор Валери Симеонов.

Истрагата за автобуската трагедија – спасени 8 луѓе, во болница 7, постои ли осми преживеан патник?!