Фото-кино клубот “Козјак” од Куманово ги објави петте филма одбрани од стручното жири да бидат во официјална селекција за Третиот меѓународен фестивал на кратoк филм „Филмај 2021“.

Станува збор за филмовите „NIMIC“ на режисерот Yorgos Lanthimos, „When I dance, the Earth trembles“ во режија на Otto Lazić-Reuschel, „GOOD THANKS, YOU?“ на режисерката Molly Manning Walker, „Bonobo“ во режија на Zoel Aeschbacher и „The Silence of the River“ режиран од  Francesca Canepa.

Фестивалската вечер, како што информираат организаторите, е планирана да се случи во септември 2021.

На почетокот на мај, тричленото жири составено од Лидија Мојсовска – режисер/сценарист, Наум Доксевски – кинематограф и Дејан Ангеловски – фотограф, одлучи фестивалските награди да одат за филмовите: „The Visit“ (Иран) – награда „Лазар Ѓорѓевиќ“ за најдобра режија, „Da Yie“ (Гана) – награда „Радислав Ристевски“ за најдобра фотографија/кинематографија, „Witness“ (Иран) – награда „Козјак“ за најдобро сценарио и „Неонски срца“ – награда за најдобар домашен (македонски) филм.