Обуки за инсталирање фотоволтаици и топлински колектори

27

Обука на стручен и технички кадар за инсталирање фотоволтаици и топлински колектори со цел зголемување на енергетската ефикасност на објектите ќе биде најавена денеска на прес-конференција во Стопанската комора на Македонија.

Најавени се обраќања на Ристо Јаневски, претседател на Здружението на енергетиката при Стопанската комора на Македонија и професор д-р Христина Спасевска, претседател на Инженерската институција на Македонија.