Обрадор: Ќе ставам маска кога ќе исчезна корупцијата

14

Мексиканскиот претседател Мануел Лопез Обрадор денеска изјави дека ќе носи заштитна маска само откако целосно ќе се искорени корупцијата во земјата.

Знаете кога ќе ставам маска? Кога нема да има корупција. Тогаш ќе ставам маска и ќе престанам да зборувам, рече Обрадор на прес-конференција, во момент кога неговата земја стигна на третото место во светот по бројот на смртни случаи од Ковид-19, јави Би-Би-Си.

Корупцијата одамна е болна точка во мексиканскиот политички систем и земјата се наоѓа на 130 место на најновиот список на Транспаренси Интернешнл според индексот на корупција во светот.

Обрадор, кој е скептичен за носење маски, е цел на критики поради неговата реакција на пандемијата, затоа што се верува дека тој ги вовел рестриктивните мерки доцна, а потоа нагло ги укинал.

Извор:МИА