Обработени 80 проценти од избирачките места: „За“ гласале 91,2 отсто, „против“ 5,86

103

Според обработените 80 проценти од избирачките места што ги објави Државната изборна комисија на својата веб страница, „за“ на референдумското прашање се изјасниле 91,2 проценти или 458.053 граѓани, а „против“ биле 5,86 проценти или 29.448 граѓани. Неважечки се 2,94 проценти.

Последниот податок за излезеноста што ја објави ДИК е од 18:30 часот кога одѕивот бил 34,09 проценти. Се очекува ДИК на прес-конференција да излезе со првични неофицијални податоци.

Граѓаните на Македонија на денешниот референдум се изјаснуваа за прашањето „Дали сте за члество во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција“.