Обработени 38,46 проценти од избирачките места, “за” гласале 90,85 проценти

58

“За” на референдумското прашање заокружиле 90,85 проценти од граѓаните со право на глас кои излегле на гласање, покажуваат најновите, ажурирани податоци на Државната изборна комисија, од обработените 38,46 проценти, или 1.351 избирачко место.

Позитивно на референдумското прашање според тие податоци одговориле 182.614 гласачи. Негативно се изјасниле 6,15 проценти, или 12.631 лице кое излегло да гласа.

Според ДИК излезноста е 34,59 проценти, или на гласање излегле 201.010 лица.

За да биде успешен референдумот, треба да гласат 903.169 гласачи, или 50 проценти плус еден од вкупнниот број гласачи зашишани во избирачкиот список.