Обновени спортските игралишта во ООУ „Кочо Рацин“

96

Општина Центар продолжува со реконструкција на старите и изградба на нови, современи детски игралишта.

Во ООУ „Кочо Рацин“, кое се наоѓа во подножјето на планината Водно, по повеќе од 30 години се реконструираа спортските игралишта.

Од Општината Центар информираат дека е обновено фудбалското игралиште со површина од 800 квадратни метри, кошаркарското, со површина од 150 квадратни метри и детското игралиште, со површина од 100 квадратни метри или вкупно 1.050 квадратни метри.

Оградата и кошевите на кошаркарското игралиште се донација од спортската обложувалница „Спорт лајф.“

-Со ова, децата од ООУ „Кочо Рацин“ добија современ надворешен „спортски центар“, со три обновени, модерни игралишта-констатираат од локалната самоуправа.