ОБЛОГ:Саша Поповиќ ѝ должи на Марија Шерифовиќ патики

113

Познатата пејачка и единствената победничка на Евровизија од Србија, Марија Шерифовиќ (со песната Молитва), со сето срце ја бодреше овогодишната српска претставничка на Евровизија Невена Божовиќ, која се пласираше во финалето на Евровизија.

Колку таа верувала во Невена зборува и фактот што се обложила со продуцентот Саша Поповиќ, кој всушност и не бил толку сигурен во нејзиниот успех.

Марија на социјалните мрежи дури и ги објавила деталите од облогот.

“Честито, Србијо! Инаку, малку е познато дека Саша Поповиќ и јас се обложивме дека Србија ќе влезе во финале. Јас кажав дека ќе влезе, а тој дека нема. Затоа сега ѓе мора да ми купи патики“, му порача на својот пријател Марија Шерифовиќ.