Облачно време во следните денови, од петок повремен дожд, на планините снег

52

Во следните денови ќе се задржи претежно облачно време. Под влијание на влажен бран од петок ќе има повремени врнежи од дожд, особено во западните делови, каде на повисоките планини врнежите повремено ќе преминуваат во снег, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Од четврток ќе дува умерен дозасилен ветер од јужен правец, што за време на викендот ќе услови нешто повисоки дневни температури, информираат од УХМР.