Обезбеден потписот на Диње

41

Францускиот интернационалец кој во изминатите неколку сезони го носеше дресот на англискиот премиерлигаш Евертон, Лукас Диње, во следните неколку дена и официјално ќе биде претставен како најнова милионска аквизиција на Астон Вила. За да ги осигураат услугите на офанзивниот бек, раководните лица на тимот од Бирмингем мораа да го прифатат побараното обештетување од 25 мил. фунти. Пред неколку дена Астон Вила ги осигура и услугите на бразилскиот интернационалец, Филипе Кутињо.