Обдукцијата потврди – пронајденото тело е на Периш

645

Телото на младиот маж кое во средата околу 9:20 часот исплива кај Ада Хуја му припаѓа на исчезнатиот Матеј Периш од Сплит, потврди обдукцијата, дознава Танјуг.

Според неофицијални информации, резултатите од токсиколошката анализа ќе бидат готови за дваесетина дена.

Како што наведуваат белградските медиуми, според првите информации по обдукцијата, причина за смртта е давење.

Периш исчезна ноќта меѓу 30 и 31 декември минатата година во Белград.Тој истрча од клубот „Готик“, трчаше низ белградските улици обидувајќи се да  запре такси, а потоа, како што може да се види на снимките од надзорните камери, се спушта по скалите кон Сава. Интензивната потрага по исчезнатиот Периш траеше цело време.