Обвинителството запленило скапа гардероба, накит и часовници од домот на Боки

49

Два персонални компјутери и еден лап топ, како и поголемо количество на брендирана гардероба, накит, часовници и уметнички дела  се одземени по претресот во домот на родителите на Боки 13 и неговата канцеларија, соопшти Обвинителството за организиран криминал и корупција.

„Извршени се претреси во домот на родителите на првоосомничениот, во станот каде што престојувал, како и во просторијата што ја користел во едно правно лице, воедно извршен е претрес и во домот на второосомничениот, како и во возилата што ги управувале. При претресите прибран е броен доказен материјал што допрва треба да биде предаден на вештачење. Меѓу одземените предмети покрај два персонални компјутери и еден лап топ што ги користеле првоосомничениот и неговата асистентка, одземено е поголемо количество на брендирана гардероба, накит, часовници и уметнички дела“, се вели во соопштението.