Обвинетите од “Монструм” насмеани си правеа селфи со Заев во позадина

47

Обвинетите Хаки Азири, Сами Љута и Агим Исмаиловиќ си направија селфи пред Кривичниот суд додека поранешниот премиер Зоран Заев даваше изјава за медиумите по сведочењето во случајот Монструм, објави МКД.мк.

Додека Заев одговараше на новинарски прашања, од неговата десна страна беа застанати родителите на убиените момчиња, а лево од него стоеја тројцата обвинети, кои со насмевка излегоа од Кривичниот суд.

Во еден момент обвинетиот Хаки Азири го крена мобилниот телефон и свртен со грб кон Заев и кон новинарските екипи, кои во голем број го следеа неговото сведочење, си направи селфи со другите двајца обвинети, наместени за во заднината да се гледа поранешниот премиер.

Оние што пред неколку години, кога почна судењето за петкратното убиство кај Смилковско Езеро, до судот од притвор беа спроведувани со лисици на рацете и придружувани од затворската полиција, специјалните единици на МВР, денес, 7 години потоа, бранејќи се од слобода, излегоа од Кривичниот суд со кафиња во раце поминувајќи покрај Заев и фотографирајќи се со него во заднината.

фото: МКД.мк