Обвинета за кршење на авторските права: Познатата песна „Flowers“, која на Мајли Сајрус ѝ донесе „Греми“ е копија на балада на Бруно Марс?

696

Мајли Сајрус е обвинета за кршење на авторските права откако наводно го копирала Бруно Марс.

Станува збор за познатата песна „Flowers“, која освои „Греми“.

„Темпо мјузик инвестментс“ (Tempo Music Investments), како што пишува порталот TMZ, тврди дека овој сингл има „многу музички сличности“ со баладата на Марс од 2012 година „When I Was Your Man“.

Платформата, која тврди дека поседува дел од авторските права за песната на Марс, наведува дека рефренот, хармонијата, мелодијата, прогресијата на акордите и текстот на песната се преземени од гореспоменатата балада.

Марс, сепак, не е именуван како тужител во поднесувањето.

Сајрус се уште не се изјаснила за ова прашање.

Оваа песна освои награда „Греми“, а Мајли ја имаше најдобрата поп соло изведба.

„Оваа награда е неверојатна, но навистина се надевам дека нема да промени ништо, бидејќи мојот живот беше убав и вчера“, изјави претходно Сајрус.