Новиот шампион на Турција, тимот на Галатасарај, се вклучи во трката по потписот на искусниот напаѓач од редовите на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Пјер Емерик-Обамејанг. Интернационалец од Габон за неколку дена ќе си замине од „Стемфорд Бриџ“ како слободен фудбалер, а освен „жолто-црвените“, интерес за неговите услуги покажуваат и раководните лица на Барселона, Милан, Интер и на Рома.