Неверојатната приказна доаѓа од САД каде анонимен НФЛ-играч ја тужел компанијата „Јунајтед ерлајнс“ за сексуален напад во авион.

Тој се пожалил дека некоја жена сексуално го злоупотребува за време на летот од ЛАКС кон Њу Џерси, а воедно „стјуардесите и службениците на летот не сториле ништо“ кога станува збор а ова прашање.

Играчот под псевдонимот „Џон Дое 1“ изјавил дека го заземал местото на средното седиште, а потоа се појавила жена која седела покрај прозорецот до него и веднаш почнала да го вознемирува поради маската што ја носел од безбедносни причини. Таа, според него, го удрила, поради што мажот решил да го смени своето место, а неговиот пријател кој се води под псевдонимот „Џон Дое 2“, исто така, потврдил дека ја видел жената како зема апчиња, под чие влијание очигледно била.

Ова не бил крајот на „маките“ за НФЛ-играчот кој се пожалил кај стјуардесите дека жената му прави проблеми, но тие не сториле ништо. Во меѓувреме, жената повторно сексуално го нападнала, масирајќи му ги колената и бутовите, а потоа ја ставила главата на неговиот скут, во близина на гениталиите.

Мажот потоа повторно станал и ја замолил стјуардесата на летот да направи нешто, но тие само вербално ја предупредиле жената.

Потоа таа го зграпчила по гениталиите и му ја соблекла маската, поради што мажот скокнал и почнал да бега кон стјуардесите, кои конечно решиле да реагираат и ја преместиле жената во вториот ред каде немало патници.