Нурмагомедов кога ќе посака може да го победи Мекгрегор

20

Шампионот во УФЦ лесната категорија, Бразилецот Рафаел Дос Анжос, тврди дека поради својот стил Конор Мекгрегор постојано би губел од Хабиб Нурмагомедов. Имено, Русинот на почетокот од октомври минатата година го совлада Ирецот во четвртата рунда, со класично гушење на противникот.

Во разговор за британски „Сан“, поранешниот шампион во лесна категорија, наведе дека Хабиб е доминантен во „партер“, а тој боречки стил во никој случај не му одговара на Мекгрегор.

  • И сто пати да се борат, сите што ќе го видиме истиот исход. Хабиб ќе го собори и ќе го добие мечот. Мислам дека Мекгрегор добро се бори во првите неколку рунди, но едноставно не можеше да го издржи притисокот. Како што одминуваше борбата, така и нему му беше се потешко и на крајот загуби, истакна Дос Анжос.

Борбата меѓу Мекгрегор и Нурмагомедов предизвика многу контроверзи, откако истата продолжи во првите редови од публиката. По завршувањето, Хабиб ја прескокна оградата од кафезот и сакаше да се пресмета со тимот на Мекгрегор, но по неколку разменети боксови, тепачката беше прекината. Поради овој непромислен потег, двајцата боксери беа санкционирани. Конор доби шестмесечна суспензија за борба, додека Хабиб девет месеци ќе биде надвор од терените.

Според пишувањата на британскиот весник, Рафаел Дос Анзос посакува дуел против Мекгрегор, бидејќи нивниот претходно договорен меч беше откажан поради повреда на Бразилецот.