Норвешка со поддршка за Финска и за Шведска за влез во НАТО

26

Норвешка ги поддржа плановите на Финска и Шведска за влез во НАТО и покрај критиките од Турција. Норвешката министерка за надворешни работи, Аникен Хитфелд, на денешниот состанок во Берлин истакна дека влегувањето на Финска и на Шведска во НАТо ќе ја зајакне и нордиската соработка.

„ Не знаеме што навистина мисли Турција, но од норвешка перспектива, ние сме 100 отсто зад Финска и Шведска доколку решат да аплицираат за членство во НАТО. Ова ќе ја зајакне и нордиската соработка, бидејќи по Втората светска војна избравме поинаку, така што мислам дека ова сега е историски момент“, рече норвешката министерка за надворешни работи, Аникен Хитфелд на состанокот со колегите од НАТО во Берлин, објави „Ројтерс“.