Репрезентацијата на Норвешка ја одбрани олимписката титула во екипната потера во брзо лизгање во Пекинг. Норвежаните го повторија успехот од Пјонгјанг, кога освоија и златен медал. Никогаш досега во историјата ниту еден тим не ја одбранил титулата олимписки шампион во оваа дисциплина.

Норвешките скијачи до триумфот дојдоа со победа над Русија. Последната трка ја завршија со 3:38,08, што беа за 2,38 секунди побрзи од Русите. Златниот медал го освоија Халгер Енгебротен, Педер Конгшауг и Свере Лунде Педерсен.

Русите поставија нов олимписки рекорд во полуфиналето (3:36,62), но во финалето не беа на исто ниво. Сребро освоија Данил Алдошкин, Сергеј Трофимов и Руслан Захаров. Бронзениот медал го освои селекцијата на САД.