Ракометарите на Норвешка забележаа убедлива победа над Саудиска Арабија со 40:21 во вториот меч од групата Ц на Светското првенство во Германија и Данска.
Норвешкиот селектор Кристијан Берге имаше можност да одмори дел од клучните играчи во второто полувреме, со оглед на позитивата по првите 30 минути од десет погодоци (20:10).
Најефикасен во победничката репрезентација беше Магнус Род со девет погодоци, додека Еспер Ли Хансен запиша осум гола.
Следен противник за Норвежаните е селекцијата на Австрија.
Селекцијата на Германија исто така забележа убедлива победа над Бразил со 34:21.