Нов туристички тренд: Луѓето плаќаат за да преноќат во затвор

87

Во Единбург, Шкотска, постои хостел, градба чиј најстар дел потекнува од 1693 година, а потоа служел како судница, полициска станица и затвор во кој денес луѓето плаќаат за да преноќат. Со оглед на тоа што зградата веќе била поделена, некој се досетил затворските келии да ги претвори во простории за спиење и од тоа да направи хостел.

“The court” хостелот е отворен во август 2019 година и оттогаш е исполнет со луѓе кои сакаат да преноќат во некогашниот затвор.

View this post on Instagram

Highlands, I'm coming! #podlife #edinburgh

A post shared by luka walt (@soundboypl) on

Собите, како и во секој хостел, а и затвор, имаат повеќе кревети во една просторија и за тоа треба да се плати 10 евра, но ако сакаат можат да преноќат и во „самица“, за што ќе одвојат околу 50 евра.

Покрај тоа што хостелот е навистина необичен поради првобитната намена на просторот, тој се наоѓа во самиот центар на градот, поради што луќето брзо почнале да го резервираат ова сместување, пишува „Инсајдер“.