Нов, страотен пожар во близина на село Војница

150

Градоначалникот на општина Чашка Горан Стојановски се огласи со апел  до граѓани доброволци да помогнат во новиот, страотен пожар што избувна во близина на село Војница, во близина на Велес.

„Пламените јазици се шират со голема брзина. Станува алармантно!“, напиша градоначалникот на својот Фејсбук профил.

 

Од општина Велес информираат дека се испратени три екипи од ТПП од општината, оти дополнително е испратена и голема екипа од ЈКП Дервен, како и четири цистерни. Во гасење на пожарот учествуваат и хеликоптери на Центарот за управување со кризи.