Нов сој на коронавирус од Јапонија – поотпорен на антитела, научниците го следат

348

Нова варијанта на коронавирус со зголемена отпорност на антитела е идентификувана во дом за стари лица во Кентаки, каде веќе се заразени 45 корисници и вработени, објави Дејли Меил.

Сојот, кој потекнува од Јапонија, е познат како Р.1 и содржи опасни мутации кои го подобруваат неговиот „пренос, репликација и имунолошка супресија“.

Тој дели мутација на истиот спајк протеин, исто така, идентификуван во многу заразни варијанти со потекло од Бразил, Обединетото Кралство, Индија и Јужна Африка.

“Р.1 е варијанта што треба да се почитува. Таа е утврдена во Јапонија и САД”, напиша експертот за заразни болести д -р Вилијам Хаселтајн.

Новата варијанта е откриена, откако ФДА одобри вакцини за лица постари од 65 години и за други загрозени групи.

Агенцијата соопшто дека загриженоста за заразната варијанта на делта сојот значи дека е неопходно да се забрза вакцинацијата. Вакцините се достапни за секој што ја примил последната доза пред најмалку шест месеци.