Нов сообраќаен режим на „Македонски просветители“

39

Денеска стапи на сила новиот режим на сообраќај на улицата „Македонски просветители“, со кој ќе се одвива двонасочен сообраќај по целата должина на улицата, информираат од Општина Охрид.

Такси-постојката што се наоѓа во „џебот“ на улицата „Македонски просветители“, се префрла на десната страна од коловозот на улицата „Партизанска“.

– Воедно, делот од коловозот пред досегашната такси-постојка на булеварот „Македонски просветители“, од пресекот со улицата „Партизанска“ до пресекот со улицата „Димитар Влахов“, ќе биде отворен за сообраќај во насока од рампата кај поштата кон булеварот „Туристичка“, со што од денеска сообраќајот по целата должина на булеварот „Македонски просветители“ ќе се одвива двонасочно – информираат од СВР Охрид.

Оттаму апелираат возачите да се придржуваат до измените и да ги почитуваат насоките на полициските службеници, кои денеска, на посочените локации, ќе ги информираат граѓаните за новите сообраќајни измени.