Нов рекреативен центар со детско игралиште во Радишани

103

Во населбата Радишани на местото познато како „Жегровец” поточно на поранешната депонија на улица „8“ се изгради ново урбано катче.

Станува збор за ново детско игралиште со модерни содржини и мека подлога, нов летниковец за одмор, како и ново зеленило.

-Ова е уште едно мое ветување дадено кон граѓаните кое се реализираше. До крајот на мојот мандат секое населено место ќе добие свое катче за рекреација – истакна градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски.