Нов објект влезе во Сончевиот систем, се испитува неговото потекло/видео

150

Нов меѓуѕвезден објект кој дошол од надворешноста на Сончевиот систем, открил астрономот-аматер Генадиј Борисов. Како што објавиле од Minor Planet Center, првиот меѓуѕвезден објект во нашиот соларен систем го откриле астрономи во 2017-та година. Овој објект наречен Oumuamua имал хиперболично патување кое укажува на тоа дека дошлол оддалеку и дека повеќе нема да се врати таму.

Секако тој предизвикал и многу шпекулации за неговото потекло, а една од нив е можеби дека припаѓа на вонземјани.

Новооткриениот објект претставува втор меѓуѕвезден објект, а во продолжение следат уште испитувања и следења.

Доколку без сомнеж се потврди неговата меѓуѕвездена природа тогаш ќе добие нова ознака која ќе почнува со „2I“ (I како почетна буква од зборот Interstellar).

Со дополнителни истражувања и набљудувања научниците почнале да го испитуваат обликот на неговата орбита, а пресметките покажуваат дека има хиперболичен облик, а не елиптичен кој ги карактеризира небесните тела во Сончевиот систем.

Хиперболичниот облик укажува на тоа дека овој новооткриен објект ќе го напушти нашиот систем и никогаш повеќе нема да се врати.