Нов мурал ќе ја разубави главната гевгелиска улица

537

На ѕид од приватна куќа на главната гевгелиска улица, уметникот Миле Ничевски со помош на свој колега, го рисува новиот мурал наречен „Ноќен танц“ кој е базиран на култното дело „Танц“ на авторот Анри Матис, кој заедно со Пабло Пикасо се смета за еден од највлијателните уметници на 20 век.

– Иницијативата за цртање мурали на јавни простори има цел на креативен начин да зборува за одредени теми кои активираат и мобилизираат не само поединци, туку и цели групи и заедници кон заедништво и градење на едно праведно општество, вели уметникот Ничевски.

Под работен наслов „Физичка дистанца, социјална блискост или комшијата и во арно и во лошо“, Ничевски го работи муралот кој е дел од „Акто фестивал за современи уметности 2020“ на кој покрај Гевгелија годинава учествуваат и градовите Скопје, Велес, Штип, Прилеп и Кочани.