Фудбалерите на Вардар направија нов кикс во второлигашката конкуренција. Овој пат „црвено-црните“ ремизираа (2:2) на домашен терен против тимот на Беса. Гостите до бодот дојдоа со голот на Мухамед Бекир во 90. минута.

Претходно, Беса поведе во 23. минута со погодокот на Лимани, но Вардар дојде до пресврт од 2:1 со двата гола на Филип Петковски во 41. минута и во 52. минута.

ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД (5. коло)

Вардар – Беса 2-2

Тетекс – Силекс 0-2

Кораби – Кадино 1-0

Воска Спорт – Велешта 4-0

Гостивар – Охрид 2-1