Нов инцидент со автобус на „Дурмо турс“ – му се блокирале тркалата

31

Нов инцидент со автобус на Дурмо турс утрово во Гостивар, во кој за среќа нема повредени. Патниците кои утрово се качиле на редовната линија за Скопје за кратко биле принудени да го напуштат автобусот. Поради паниката која се создала сите побегнале од возилото.  Трагите од кочење на булеварот Браќа Гиновски сведочат за инцидентот, објави Телвизија Сител.

Патниците тврдат дека се блокирале задните тркала по што се создала паника во автобусот кој бил покрај постојка во градот за да собере патници.

Агенцијата по трагичната несреќа, продолжи да сообраќа на редовните линии кои ги има на релација Гостивар- Скопје- Гостивар, како и останатите релации во и надвор од Македонија. На интернет страната нема известување за откажани автобуски линии.