Нов договор за Лаутаро

54

Аргентинскиот интернационалец, Лаутаро Мартинез, и во следните четири години ќе го носи дресот на актуелниот шампион на Италија, тимот на Интер. Иако преговорите за новиот договор траеа повеќе месеци, италијанските медиуми открија дека најпосле двете страни постигнале договор. Мартинез ја прифатил понудата да потпише нов договор со важност до 2025 година, а истиот му гарантира годишна заработка од 6 мил. евра.