Нов асфалт и столпчиња на патеката на улица „11 Октомври“

476

Целосно е реконструирана пешачко-велосипедската патека на дел од улицата „11 Октомври“ на потегот пред поранешен Тутунски комбинат.

– Од патеката во должина од 100 метри машински се отстранети бекатон плочките, поставен е нов асфалт, нови мали и големи рабници, како и заштитни столпчиња. Град Скопје континуирано работи на подобрување на пешачко-велосипедската инфраструктура, а вело патеката на оваа делница ќе овозможи поврзување на вело патеките во општина Кисела Вода со вело патеките во општините Центар и Аеродром – информираат од градските власти.