Големото научно достигнување, „кинеското вештачко сонце“ досега собори неколку рекорди, па во мај 2021 година плазмата во него достигна 120 милиони степени за 101 секунда

 

Кинеското „вештачко сонце“ собори рекорди:  Достигна температура од 70 милиони степени! Научниците се пред огромен предизвик. „Вештачкото сонце“ се користи од 2006 година во експерименти поврзани со фузија.

Кинескиот експериментален, напреден, суперспроводлив токамак (фузија реактор), познат и како ИСТОК или „вештачко сонце“, го собори рекордот за екстремно високи температури. За време на симулацијата, која траеше 17 минути и 36 секунди, „вештачкото сонце“ достигна температура од 70 милиони степени, што е речиси пет пати повисока температура отколку кај вистинското сонце.

Со кинеското „вештачко сонце“ веќе 15 години се експериментира во процесот на градење атоми што се одвива во центарот на ѕвездите во вселената, што им дава светлина и топлина. Уредот, развиен од кинески научници тоа го прави со компресија на водород со помош на силно магнетно поле, додека не се создаде плазма која може да достигне температура до 150 милиони степени, ослободувајќи огромна енергија.

Нуклеарна фузија е неограничен извор на енергија. Научниците се надеваат дека со помош на нуклеарна фузија ќе има речиси неограничен извор на еколошка енергија. За разлика од нуклеарната фисија, која се користи во нуклеарните централи, нуклеарната фузија не бара фосилни горива, ниту пак остава отпад од радиоактивен материјал.

„Неодамнешните операции ни дадоа солидна научна и експериментална основа што доведе до лансирање на реакторот за фузија“, рече Гонг Сајанзу, истражувач во Кинескиот институт за физика на плазма на Кинеската академија на науките, кој го предводеше последниот експеримент. Научниците ќе продолжат да вршат експерименти на „вештачкото сонце“ до јуни.

Сонг Хунтао, директор на Институтот за физика на плазма, рече дека научниците се надеваат дека ќе можат да започнат изградба на реактор за фузија за пет години, за што ќе бидат потребни околу 10 години.

– Кога ќе биде готов, ќе започне изградбата на генераторот, кој би можел да произведува енергија во 2040 година – додаде тој.

Како да се одржи високата температура?

Кинеското „вештачко сонце“ досега собори неколку рекорди, па во мај 2021 година плазмата во него достигна 120 милиони степени за 101 секунда. Највисоката плазма температура што ја постигнала била 160 милиони степени, што е десет пати повисока од Сонцето и тоа за 20 секунди.

Иако експериментите се успешни, научниците се далеку од користење на нуклеарна фузија надвор од лабораторијата. Главниот предизвик е како да се одржи стабилноста и температурата од 100 милиони степени долго време, наведува Ксинхуа.