Ново лед осветлување во вториот дел од Градскиот парк

75

Вториот дел од Градскиот парк деновиве добива ново енергетски ефикасно осветлување.

Од Градот информираат дека старите и дотраени светилки, се заменуваат со нови, штедливи лед светилки.

Досега се поставени околу 70 лед светилки, а вкупно ќе бидат поставени околу 100 лед светилки. Новото осветлување дополнително ќе го разубави амбиентот во овој дел од Градскиот парк.