Ново зеленило на платоата кај „Педагошка“ и „Млечен“

120

Општина Карпош почна со зазеленувањето на платото кај „Педагошка“ во урбаната заедница „Владо Тасевски.

Како што информираат оттаму, овој јавен простор се уредува хортикултурно со 440 нови украсни растенија.

 

При тоа, дел од зеленилото ќе биде засадено и на платото на „Млечен“, а во оваа редовна акција на локалната самоуправа, се зголемува зелениот фонд во цел Карпош.

– Ова е начин со кој се менува сликата за платоата, плоштадите, кои сега се оживуаат, раззеленуваат и стануваат најпосетувани места за рекреација на граѓаните. Исто така, најголемиот дел од растенијата се со апсорбирачко дејство на штетни честички и прашина, со што директно се влијае врз заштитата на животната средина- информираат од Општината.

Од локалната самоуправа посочуваат дека  во последната акција биле засадени повеќе од 55 висококвалитетни дрвја и се подигнале тревни површини на 1.560 квадратни метри.