Ново детско игралиште во дворот на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“

24

Општина Центар започна со реконструкција на детското игралиште во дворот на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“.

На површина од 170 квадратни метри ќе бидат поставени нови реквизити, нова гумирана подлога и заштитна ограда, а просторот од 50 квадратни метри ќе биде уреден со ниско зеленило и ќе биде поставена урбана опрема.

-Продолжуваме со изградбата на модерни и функционални детски игралишта во Центар, изведени според најсовремени стандарди за квалитет, безбедност и одржливост. Жителите во овој реон ќе добијат нова рекреативна зона, а новото катче ќе обезбеди квалитетна игра за децата и зголемена безбедност за време на нивниот престој“- изјави градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.

До крајот на 2021 година ќе бидат санирани и реконструирани детските игралишта на девет локации на територијата на Општина Центар, за што ќе бидат одвоени десет милиони денари од општинскиот буџет.

Планирано е со градежните активности да се заврши до почетокот на учебната година.