Општина Ѓорче Петров поставува систем за новоднување и засадува нова трева околу зградите на улиците ,,Лука Геров“ ,,Македонска Преродба“ и „Социјалистичка Зора“.
Како што информираат од локалната самоуправа, опфатена е површина од 5.000 квадратни метри.
Покрај новото блоковски зеленило, за прв пат се осветлуваат и паркинзите на „Социјалистичка Зора“ со ЛЕД светилки.
Целта е овие зони да прераснат во уредени маалски паркови.