Новогодишен концерт: “Празнична рапсодија” со пијано дуо Мимоза и Јована

172

Македонските пијанистки Мимоза Ќека и Јована Трајчева на 24 декември во Камерната сала на Филхармонија (20 часот) ќе одржат новогодишен концерт насловен “Празнична рапсодија”.

По успешните концерти во Париз и Рим каде настапија со пијано дуо рецитали на музички фестивали – фестивалот Музички Недели во Париз, Франција како и во Театро Марчело во склоп на Concerti del Tempietto во Рим, Италија.

Во рамките на програмата што ќе биде одржана на 24 декември, ќе бидат изведени дела од композиториве Елгар, Чајковски, Рахманинов, Равел, Лист и Пиацола.

Јована Трајчева заедно со Мимоза Ќека успешно го реализираат проектот „Есенска бајка“ – Хуманитарен концерт за СОС Детско Село – Скопје.