Нови 400 украсни растенија околу „Лептокарија“

125

Околу трговскиот центар „Лептокарија“ населбата Карпош 3, започна засадувањето на украсни растенија од типот Cupressus, Ilex, Buxsus, Juniperus, Lavanda и Acer.

Од Општината Карпош информираат дека со нови 400 растенија ќе се збогати предниот, средишниот и задниот дел на ТЦ „Лептокарија“.

Во изминатиов период се зголеми и зеленилото во Криви Дол, околу инклузивното игралиште во Влае 2 и Порта Влае.

Од општината апелираат до граѓаните и субјекти да водат сметка за заштита на животната средина.