Нови 36 заразени со коронавирус минатата недела во Премиерлигата

10

Вкупно 36 лица се позитивни на Ковид-19 во двата круга тестирања спроведени во текот на минатата недела, соопшти Премиерлигата.

Досега се регистрирани вкупно 207 заразени со коронавирус од почетокот на сезоната во англискиот шампионат.

Премиерлигата, која сега спроведува тестирања за Ковид -19 два пати неделно, не ги објави имињата на новозаразените, наведувајќи дека сите ќе останат во самоизолација во следните десет денови.

  • Во периодот меѓу 4 и 7 јануари беа тестирани вкупно 1.538 фудбалери и претставници на клубовите, при што се регистрирани 27 позитивни случаи на Ковид-19. Во периодот меѓу 8 и 10 јануари беа тестирани 1.055 лица, а меѓу нив имаше девет нови позитивни случаи, се наведува во соопштението на Премиерлигата.

Претходно денеска беше соопштено дека мечот меѓу Астон Вила и Тотенхем нема да се игра според планираното в среда поради позитивни случаи на коронавирус во редовите на премиерлигашот од Бирмингем.