Нови промени во Ферари

56

По замената на Маурицио Аривабене со техничкиот шеф Матија Биното, италијанските медиуми тврдат дека во обид да се олесни работата на Биното, чија прва задача е дизајнот на болидот, во тимот на Ферари ќе се врати и поранешниот шеф Стефано Доменикали.

Доменикали си замина во 2014 година од тимот од Маринело, откако во две сезони во низа, Ферари не успеа да стигне до титулата со Фернандо Алонсо. Во моментов, Доменикали е генерален директор на Ламборџини, и славниот италијански производител на луксузни автомобили под него успеа да ја зголеми продажбата за 50 отсто.

Според „Кориере дело спорт“, Доменикали ќе го замени Луис Камилери како генерален директор на Ферари, по препорака на претседателот на Ферари, Џон Елкан.