Нови плочки за платото пред ТЦ „Лептокарија“

41

Од крајот на минатата недела Општина Карпош започна со реконструкција на пешачкиот дел на плоштадите на територијата на општината.

Деновиве се врши санација и замена на плочки во трговскиот центар Карпош 3 – „Лептокарија“, а потоа изведбените работи ќе продолжат и на другите плоштади каде што искршените и изместени плочки ќе се заменат со нови. Изведувач на работите е фирмата „Изградба Комерц“, а се очекува реконструкциите да траат околу еден месец.