Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион набави две нови возила за собирање комунален отпад за општините Демир Хисар и Крушево. Возилата се обезбедени со средства од Програмата за рамномерен регионален развој за 2018 година на Министерството за локална самоуправа и преку Бирото за регионален развој.
– Со овој проект се придонесува кон заштитата на животната средина во овие општини, а индиректно и во целиот Пелагониски регион. Возилата поседуваат технички карактеристики приспособени на потребите на комуналните претпријатија на општините Демир Хисар и Крушево и се во согланост со европските стандарди за извршување комунални услуги. Вкупната вредност на проектот изнесува 6 милиони денари од кои 5,4 милиони денари се средства од Програмата за рамномерен регионален развој за 2018 година, а општините Демир Хисар и Крушево кофинансираа во проектот со по 303.184 денари, соопштија од општина Демир Хисар.