Нови видиковци во паркот во населба Ченто

60

Tеренските екипи јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, изминатиов период изработија два видиковци од дрво во паркот кој е се уште во изградба во населбата Ченто.

-Видиковците се бојадисаа и се покрија со шиндра. Во севкупното уредување на овој парк, кој беше запуштена, неуредена површина, се постави систем за полевање, а наредниов период ќе се формира и тревник. Моментално екипите вршат сеење, гребување и валирање на тревно семе – соопштија од ЈП „Паркови и зеленило“.

Новите парковски елементи се вклопуваат во целокупниот простор за функционален и пријатен престој за посетителите.