Репрезентативецот на Холандија, Чави Симонс, и во новата клупска сезона ќе го носи дресот на германскиот бундеслигаш РБ Лајпциг. Офанзивниот играч за врска е во сопственост на францускиот гигант ПСЖ кој му дозволи да замине на нова позајмица во Лајпциг. Голем интерес за неговите услуги покажаа и раководните лица на Барселона, Баерн (М) и на Манчестер Јунајтед.