Нова мега-скандалозна естрадна војна на Балканската музичка сцена

371

Карлеуша на ќерката на Цеца: “Мутава со харизма на згазена мачка од таткото убиец и мајката „наногица“, а на Лукас му порачува: “Дали за литри нафта од Венецуела мора да ја покажуваш лојалноста“ ?!

Таман кога малку се смирија страстите околу Јелена Карлеуша поради нејзините чести скандали (па, не за џабе го носи прекарот “мала од скандала“), вчера вечер мега популарната пејачка повторно го потресе Балканот. И се пушти без пардон на (згодната) Анастасија, ќерката на Цеца Ражнатовиќ. Според она што го пишува “Дневни магазин.рс“ Карлеуша најпрво индиректно го поткачила српскиот бизнисмен, кралот на нафтата Драгослав Илиќ-Гаги кој во Венецуела токму со нафтата има супер-бизнис. Во далечната 2006 година Гаги направил и ВИП-свадба на која му пеела Цеца Ражнатовиќ. Тој во родната Србија дошол деновиве, за да гламурозно го прослави роденденот на кој му пееше и ќерката на Цеца и тоа неговата најомилена песна “Кукавица“ хитот од Цеца, кога една гостинка на музиката ѝ залепи банкнота од 500 евра, додека на хармониката се оставаа бројни банкноти од 50 евра…..Ситуацијата со Гаги ја разбеснело Јелена, па веднаш се пуштила да коментира. Во муабетот се замешал и пејачот Аца Лукас кој застанала во одбраната на ќерката на Цеца. Карлеуша тука “се откачи без влакна“ на јазикот, па му се обрати најпрво на Лукас, а потоа сочно опишивајќи ја и самата Анастасија:

-Наркодилерите и тие к*рви не ти се пријатели… Или мораш вака јавно да ја докажуваш лојалноста за неколку литри нафта од Венецуела?… А и гледам дека ова лошо оперирано Арканово младунче ти остава среќни коментари. Што да прави “мутавата со харизма на згазена мачка, од убиец и од мајка „наногица“, не можела подобро да научи. Прибери се, Ацо! Ова сериозно ти го кажувам, напишала меѓу другото Јелена Карлеуша на Инстаграм.