Светскиот тениски рекет број еден Србинот Новак Ѓоковиќ, нема наскоро да се пензионира, ќе игра до 55 години. Ова малку нас шега, малку со анализа за тоа што се случува во тенисот, Лора Робсон и Тим Хенман, ги дадоа своите предвидувања за најдобриот играч на планетата. И двајцата се убедени дека нема причина за грижа и дека работите ќе се средат кога е во прашање српскиот тенисер

Ноле навикна многумина годината да ја почнуваат со титулата на Австралија опен, но овојпат во полуфиналето беше запрен од Јаник Синер, подоцнежниот шампион. „Знаете како, кога ќе ја поставите границата толку високо, има само еден начин после тоа. Сам призна по полуфиналето во Мелбурн дека тоа е еден од неговите најлоши грен слем турнири. Повторно зборувам за 100 натпревари, така што во човечката природа е во одреден момент да дојде послаб натпревар, нема потреба да се вклучи алармот. За мене тој е фаворит на секој турнир на кој игра“, изјави Хенман на Британски „Експрес“.

Робсон има слично мислење, со смели прогнози. „За мене не е катастрофа тој пораз од Синер, ниту пак поразот од Де Минор на почетокот на годината, не би му придавал големо значење. Тој сепак е најдобар во светот, едноставно, помладите играчи се пробиваат, имаат се повеќе самодоверба и веруваат дека можат да го предизвикаат во натпревари од три сета, што можеби не беше случај порано. Тој има 36 години, се движи фантастично, чувствувам како тој да е еден од оние спортисти кои можат да играат до 55 години, со насмевка изјави Робсон.

Српскиот тенисер ќе игра на турнирот во Индијан Велс и тоа ќе му биде прво натпреварување по Мелбурн. „Би рекол дека му требаше одмор по Австралија, за малку да се регенерира и да се подготви за Индијан Велс и Мајами. Тој е најдобриот играч на сите времиња на тврди подлоги и обично добро се снаоѓа на тие турнири“, заклучи Робсон.