Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, игра блескаво на овогодинешниот САД Опен и без проблеми веќе се пласираше во третото коло каде се очекува да се соочи со својот сонародник Ласл Ѓер. Најважно за Ноле е што засега делува многу подготвен и целосно фокусиран, а за да ги избегне факторите кои нормално го вознемируваат на големите турнири, Ѓоковиќ реши овојпат да остане во куќата на својот пријател, наместо во хотел.
Ѓоковиќ со години се „изолира“ од големиот Њујорк со тоа што престојува во блискиот Њу Џерси, каде има мир и слобода во вилата на својот богат пријател – и она што е важно: условите за тренирање. Помага и тоа што Новак е секогаш со своите најблиски пријатели… А кој е тој мистериозен пријател?
Тоа е Гордон Џулинг, поранешен тенисер, кој со години е пријател и соработник на Новак Ѓоковиќ. Важи за многу моќен и богат претприемач, а за тоа може да му се заблагодари на својот татко Роберт Зелнер. Станува збор за американски милијардер и основач на компанијата „Alpin Associates Advisors“, која е од делот на Њу Џерси – Алпин. Таму имаат имот од околу 20 хектари вреден дури 40 милиони долари каде има помошни објекти, вештачко езеро, парк, и тениски игралишта.
Весникот „Њујоркер“ уште во 2015 година пишуваше за престојот на Новак Ѓоковиќ на овој имот за време на САД Опен, каде модерниот тениски центар има се што му е потребно за да се подготви за најголемите предизвици. „Тој е долгогодишен пријател и неформален член на тимот на Новак“, напиша тогаш „Њујоркер“.
Секако, кога ќе почне турнирот, ќе бидам целосно „заклучен“ од други надворешни фактори“, изјави Ѓоковиќ и нагласи дека го сака Њујорк, но дека ужива во него само пред почетокот на турнирот: „Мојот пријател има одлична вила со тениски терени. Ќе бидеме таму сами со моето семејство.Таму многу се релаксираме и ми е одлично во деновите помеѓу натпреварите кога имам пауза. Тогаш добивам енергија и на некој начин и се подмладувам, па имам повеќе енергија за натпреварите“.
Инаку, таборот на Џулинг има четири терени: трева, земја и бетон, а има и затворени терени опремени со најсовремена технологија. Тоа значи дека Ноле ги има условите што може само да ги посака, но можеби најважно е Јелена и децата, но и родителите да се постојано со него.
Новак Ѓоковиќ досега три пати го освојуваше САД Опен, последен пат во 2018 година. Тој сака да го подигне трофејот по четврти пат во Њујорк и да стигне до својот 24. грен слем, особено откако минатата сезона му беше забрането да се натпреварува во Њујорк поради тоа што не беше вакциниран против коронавирусот.