На Светското атлетско првенство во Будимпешта, американскиот спринтер Ноа Лајлс (26) го освои златото на 100 и на 200 метри, како и во штафетата 4х100 метри и стана првиот човек по Усеин Болт кој ги искомбинирал сите три титули и првиот Американец по Тајсон Геј во 2007 година. Сега веќе има шест светски шампионски титули во својата колекција, вклучувајќи три по ред на 200 метри.

Лајлс многу сериозно ги сфаќа своите успеси и важноста на титулата најдобар во светот, па во своето обраќање до медиумите во Будимпешта ги спореди своите медали со освојувачите на НБА-лигата, кои се нарекуваат себеси светски шампиони.

  • Светски шампиони на што?! Она што најмногу ме боли е кога го гледам финалето на НБА, а победниците го носат натписот „светски шампиони“ на главите. Светски шампиони на што?! САД?! Не сфаќајте ме погрешно, ги сакам САД, но тие не се светот – истакна Лајлс.