По нешто за сечиј вкус: Филмови кои со нетрпение ги очекуваме во 2018 година

89

Филмофилите ќе бидат повеќе од задоволни со она што филмската индустрија го нуди во новата 2018 година. На големото платно ќе имаме можност да ги видиме омилените ликови во новите продолженија, но и сосема нови филмски остварувања кои би требало да станат вистински хитови. Ќе има по нешто буквално за сечиј вкус…

1. Гордата Мери (Proud Mary)


Филмот „Проуд Марѕ“ во режија на Бабак Најафи во кината пристигнува на 12. јануари. Ѕвездата на серијата „Империја“, Тараја П. Хенсон, во овој филм ја глуми Мери – крвожеден платен убиец кој работи за бостонската мафија. Со запознавање на едно момче кај неа ќе се разбуди мајчинскиот инстинкт за кој и не знаела дека го има и нејзиниот живот ќе го преврти наопаку… Во филмот глумат и Дени Гловер, Маргарет Ејвери, Били Браун и Нил МекДонах.

2.Педесет нијанси послободно (Fifty Shades Freed)


„Педесет нијанси сива“, филмот темелен на бестселерот на Е.Л. Џејмс следната година го добива своето трето продолжение насловено „Педесет нијанси послободно“. Кристијан и Ана прифаќаат нераскинлива врска и заеднички живот полн со луксуз со верба дека сенките и мрачните ликови се дел од нивното минато, но нивниот среќен крај би можел да заврши пред да започне… Завршниот дел од трилогијата и врв на еротската романтика во кината пристигнува на 9.февруари.

3. Набор во времето (A Wrinkle In Time)


Тинејџеркта Мег Мари, со пријателот и брат, тргнува во необична вселенска потрага по исчезнатиот татко. Во скокањето меѓу димензиите им помагаат три необични суштества – Мрс. Њхат, Мрс. Њхо и Мрс. Њхицх, кои ги глумат Рис Витерспун, Минди Колинг и Опра Винфри. Филмот го режира Ава ДуВернау, прва Афаромериканка на која и припадна 100. милиони долари вредниот блокбастер. Филмот на големото платно ќе го гледаме од 9. март.

4.Супер полицајци 2 (Super Troopers 2)


Комедијата од 2001. година не ги оставила критичарите без здив, но филмот стекнал култен статус и обожавателите желно го исчекуваат продолжението кое на филмското платно ќе може да е види од 20 април. Членовите на комичната дружина Брокен Лизард, после 17. години, и успешно спроведена кампања на Индиегог, повторно ја воведува својата полициска патрола. Полициската станица ќе ја воспостават на автопат во подрачје среде граничен спор помеѓу САД и Канада.

5.Одмаздници: Бескрајна војна (Avengers:Infinity War)


Судбината на Земјата и самото постоење никогаш не биле понеизвесни. Од вселенските сенки на светло на денот испливала нова опасност – Танос, кој има намери да ги собере сите шест артефакти со незамислива моќ, што би можело да значи крај за вселената. Ниту еден суперјунак не е дораснат на овој проблем па Марвел ќе ги собере сите, Ајронмен и неговите Одмаздници, Чувари на галаксијата, Спајдермен, Доктор Стрејнџ и Капетанот кои тргнуваат заедно во големата битка чие прво продолжение во кината пристигнува на 6. мај.

6.Ѕвездата е родена (A Star is Born)


Познатата приказна за љубовната врска на музичката ѕвезда кој станал алкохоличар и млада музичарка во подем од 1930. година е снимен во три филмски верзии, а во последната од 1976. глумеле Крис Кристоферсон и Барбара Стрејсенд. Во најновиот филм Бредли Купер кој освен на главната улога се нафатил и на сценариото, продукцијата, и режисерската палка. Младата ѕвезда во подем ја игра Лејди Гага, која ја напишала и музиката. Филмот во кината пристигнува на 18. мај.

7.Осумте на Оушн (Ocean’s Eight)


Предводени со Сандра Булок – во улогата на Деби Оушн, отуѓената сестра на Дени Оушн – Кејт Бланшет, Риана, Минди Колинг, Хелена Бонам Картер, Ен Хатавеј, Сара Пулсон и Авкафина тргнуваат во неверојатен, совршено разработен грабеж на најважната светска модна забава „Мет Гала“ во Њујорк. Целта е да дојдат до парите на бившиот љубовник на Деби кој го игра Демиан Луис, а во филмот ќе ги гледаме и ѕвездите Џејмс Корден, Ричард Армитаж и еден припадник на Океановите 11 – Мет Дејмон. Филмот во кината доаѓа на 8. јуни.

8. Мама миа! Одиме повторно (Mamma Mia! Here We Go Again)

Кино спектаклот кој благодарение на Мерил Стрип, Колин Фирт, Аманда Сејфрид и Пирс Броснан стана светски хит добива свое продолжение. Во филмот „Мамма Миа!Хере Ње Го Агаин“ повторно на собир ќе ги видиме поголемиот дел од ѕвездите од актерската постава од 2008, а ќе им се придружат новите имиња како Лили Џејмс која покрај Мерил Стрип ќе игра Дона во помлади денови. Филмот во кината доаѓа на 20. јули.

9.Робин Худ: Потекло (Robin Hood: Origins)


Во улогата на Робин Худ стрелецот од шервудската шума, фил кој го режира Ото Батурстом, во хеланките на Робин ќе влезе Тарон Егертон. „Робин Хоод: Оригинс“ ќе ни раскаже досега нераскажана приказна за тоа како Робин Худ станал икона каква познаваме денес. Сместен е во периодот на враќањето на Робин Худ од крсташките војни, кога сфаќа дека Шервудската шума станала легло на корупција и зло. Филмот во кината се очекува од 21. септември…

10. „Враќањето на Мери Попинс“ (Mary Poppins returns)


Во декември наредната година, на големите платна пристигнува продолжението на филмот од 1964. година за дадилката со волшебни моќи, Мери Попинс. Овојпат, со помош на пријателот Џек, Мери со своите моќи ќе им помогне на возрасните Џејн и Мајкл Бенкс, кој после смртта на својата жена останува сам со три деца.
Во насловната улога е Емили Блант, а покрај неа ќе ги гледаме и Емили Мортимер, Колин Фирт, Мерил Стрип…, а во филмот би требало да се појави и Дик Ван Дајк.